← НАЗАД НА БОЗА

Каков вид на играчки се најдобри за децата

Каков вид на играчки се најдобри за децата
40 Читања

На развојот на децата можат да влијаат играчките со кои што се играат, па затоа е важно да ги изберете паметно.

Сите сме родени со одредени предиспозиции кои може и не мора да се развиваат.

Периодот од раѓање до 7 годишна возраст е клучен во развојот на секој од нас.

Во тој период, децата играат и на тој начин го запознаваат светот, го истражуваат, ги развиваат своите потенцијали, ги развиваат своите први интереси, имагинација и креативност.

Во тој период, играчките се главното средство за развивање на сè што е споменато, па затоа е многу важно децата да играат со правилно избрани играчки.

Децата треба да бидат насочени кон учење и развивање на нивните целосни потенцијали и интереси преку играта, бидејќи тие ќе имаат корист од тоа во зрелоста.

Играчката мора да ја задоволи потребата на детето за игра, но исто така и за истражување, имитација и движење.

Играчката треба да биде безбедна од два аспекти: функционален, нејзината функција треба правилно да го насочува детето, и физичко-хемиски, односно да поседува потврда за здравствената исправност.

Исто така, играчката треба да се прилагоди на возраста на детето и да го поттикнува размислувањето.

Позитивно влијание врз развојот на детските интереси имаат социјалните игри, интерактивни постери на знаење, меморијски квизови, сложувалки, едукативни куфери, конструктори, 3D сложувалки.

Секоја од овие играчки развива посебен детски потенцијал на свој начин.

Децата со пречки во развојот можат да имаат значителни подобрувања ако играат со прецизно избрани играчки.

Со развојот на фини моторни вештини кои можат да се развиваат низ играта, истовремено се развива и говорниот апарат.

Затоа, при изборот на играчка за дете, не го купувајте само она што ќе ви се допадне „на око“, туку размислете дали оваа играчка ги исполнува условите и дали ќе придонесе за развојот на вашето дете.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk