Мода

Каква облека да купувате додека сте на диета?

Ако сте на сериозна диета, преку која планирате да изгубите околу 15 килограми, знаете дека ќе треба да ја обновите гардеробата кога ќе стигнете до вашата цел.

Но, исто така, се поставува прашањето што да носите во меѓувреме додека вашето тело се менува од ден на ден.

Купувањето облека за време на диетата може да биде вистински предизвик. Се разбира дека не сакате да инвестирате многу пари во облека која нема да ви одговара за неколку недели, но исто така сакате да изгледате добро.

Решението лежи во изборот на клучни парчиња околу кои ќе се заснова вашиот стил, кои ќе ги комбинирате со облеката што сте ја користеле претходно.

Најдобриот избор се:

– Туники – Тие се многу добар избор, бидејќи без оглед колку ќе ослабите ќе продолжат да ви одговараат, затоа што се очекува од нив да бидат пошироки.

– Хеланки – Ако ги носите со подолги туники и секојдневни фустани во нив ќе изгледате послаби отколку што мислите.

– Фустани и маици од жерсе

– Кошули со ремен

– Само ремен – Вложете пари во неколку добри ремени бидејќи со нивна помош, фустаните, блузите и кошулите што претходно сте ги  носеле можат да ви одговараат и со новата фигура.

– Евтини стреч панталони или фармерки со еластин – Додека сте на диета, не купувајте скапи панталони, бидејќи тие се дел од облеката што навистина мора совршено да ви одговара со цел да изгледаат добро.

Истите панталони тешко можат да ви одговараат кога вашата тежина се менува и за два килограми, а да не зборуваме за поголеми промени.

Напиши коментар