Мода

Какви модни комбинации да очекуваме од “Cali Cool” стилот?

Сите сакаат да одат во Калифорнија!

Иако штотуку започна пролетта, светот на модата се чини дека веќе се зажеле за сонцето, леснотијата на постоењето и доброто расположение, бидејќи во оваа сезона се се врти околу Калифорнија.

Веројатно уморни од дневните бомбардирања со лоши вести, во потрага по бегство од тмурното секојдневие, дизајнерите бараа инспирација токму во овој прекрасен дел од светот.

View this post on Instagram

Malibu CA #Malibu #Prada

A post shared by Marta Cygan (@lifeofboheme) on

Основната тема на овој тренд е опуштеноста и леснотијата, мирот и слободата, без разлика дали тоа доаѓа од хипи културата и нејзините познати елементи како што се tie-dye принтот или Crochet-от, или здравиот начин на живот, престојот во природа и близината на морето, поради што оваа сезона ќе се носат и мрежести материјали, накит од школки или scuba материјали инспирирани од сурферската култура.

Дизајнерите овој тренд го толкуваа на различни начини: од Прада, која tie-dye постави на женствените pencil молив здолништа, но и на bucket шеширите, преку Келвин Клајн (во последната колекција на Раф Симонс) на кој му беа најинтересни калифорнијските плажи и сурф културата преку здолништа од неопрен и маици со мотивите од филмот „Ајкула“, па се до многу влијателните колекции на брендот R13, која произведе tie-dye парчиња со неодоливи колористички комбинации.

Проверете како се инспириравме од овој тренд низ неколку модни комбинации.

View this post on Instagram

California cool 🌈 @carodaur in new @theelderstatesman

A post shared by Stephanie's (@shopstephanies) on

View this post on Instagram

Holiday ‘19

A post shared by The Elder Statesman (@theelderstatesman) on

 

 

Напиши коментар