← НАЗАД НА БОЗА

Кажете им НЕ на слатките – направете нешто добро за вашето тело

Кажете им НЕ на слатките – направете нешто добро за вашето тело
122 Читања

Предизвикувач на бројни болести на модерното време, токму е, на многумина омилениот шеќер.

Особено им е тешко на жените да се откажат од своите најслатки искушенија.

Од друга страна, нутриционистите тврдат дека во нашето тело ќе се појават бројни промени ако престанеме да консумираме шеќер.

Покрај тоа што не здебелува, шеќерот го зголемува ризикот од дијабетес и други кардиоваскуларни заболувања.

Истражувањата покажаа дека шеќерот има големо влијание врз стареењето и дека е еден од главните виновници за појавата на голем број на брчки.

Иако е составен дел од речиси сите видови на храна кои ги јадеме со задоволство, шеќерот е сосема непотребен и бескорисен за нашиот организам.

Ако јадете шеќер секој ден, можете да создадете зависност од оваа храна, па наглото прекинување на конзумацијата на шеќер може да доведе до препотување, треперење, па дури и несвестица.

Сепак, ако сте навистина решени да го отстраните шеќерот од вашата исхрана, потребно е само малку мотивација.

Кога ќе почувствувате пад на енергија, секогаш можете да побарате природна замена за слатките и да се почеестите себеси со вашето омилено овошје.

Промените на вашето тело ќе ги видите релативно брзо.

Вашата кожа ќе биде чиста и сјајна, тенот изедначен, а телото ќе почне да ја менува својата форма по еден месец без шеќер и да се ослободува од вишокот на килограми.

Покрај тоа, со решителното откажување од вашите омилени пороци – слатките, во голема мера ќе го подобрите вашето здравје и ќе го намалите ризикот од многу болести.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk