Дестинации

Казни и до 2.500 евра за носење папучи во Италија!

Туристите во Италија, носењето на апостолки, сандали или чевли со потпетици, би можело да ги чини 2.500 евра!

Поточно, беше одлучено да се забрани носење на овој тип на чевли во Cinque Terre во Италија, бидејќи на спасувачите им се смачило да ги спасуваат туристите кои несоодветно облечени се движат по тесните патеки кои ги поврзуваат петте морски села.

Оваа година е одлучено да се започне кампања која ќе ги информира посетителите дека мора да бидат подобро опремени при шетање по овие патеки, а оние кои нема да послушаат ќе се соочат со казна од 50 до 2.500 евра.

„Проблемот е во тоа што луѓето доаѓаат тука мислејќи дека тие се на брегот на морето, но патеките над селото се повеќе како планински“, вели Патрицио Скарпелини, раководител на Националниот парк Cinque Terre.

„Прво сите ќе ги известиме за кампањата, а потоа ќе почнеме да казнуваме“.

Спасувачкиот тим всушност е тим од волонтери од италијанскиот алпинистички клуб, од кој ги предупредуваат туристите дека овие патеки се планински и дека „тие не треба да одат во апостолки, папучи и слични чевли“.

Cinque Terre е популарна туристичка атракција која привлекува околу 2,8 милиони туристи годишно.

Напиши коментар