Новости

Кејт Мидлтон подготвува изненадување за Меган Маркл

Луксузна забава која се прави пред раѓањето на бебето, популарна како “baby shower”, а која беше приредена од страна на пријателките на Војвотката од Сасекс во Њујорк, се уште е главна тема на светските медиуми.

На листата на поканети се најде најпознатата адвокатка за човекови права и сопругата на Џорџ Клуни – Амал, тенисерката Серена Вилијамс, дизајнерката Џесика Марлуни, актерката Абигејл Спенсер …

Но, она што најмногу ја заинтересира јавноста е зошто Кејт Мидлтон не беше на забавата.

Како што е наведено од извори на палатата Кенсингтон, сопругата на принцот Вилијам поради голем број на обврски беше спречена да патува за Њујорк, но таа сигурно не ја заборавила јатрвата. Таа одлучи лично да и приреди “baby shower” во Лондон!

„Се планира некој вид на прослава по повод раѓањето на бебето во Лондон, што ќе ја организира Кејт“, откри за US Weekly извор близок до кралското семејство, и додаде: „ На забавата ќе биде покането „глам друштвото“ на Меган, како и роднините. Можеби тоа нема да биде “baby shower” во вистинска смисла на зборот, но секако ќе биде прослава по повод раѓањето на бебето.“

 

Напиши коментар