Ѕирнете во богато уредениот ентериер на луксузната вила.
Актерката Kirstie Alley ја продава својата невообичаено декорирана вила во Лос Анџелес, која чини 11,97 милиони долари.
Оваа вила во Лос Фелиз е изградена во италијански стил во 1932 година.
Се состои од шест спални соби, пет бањи, дневна соба со големина на сала за танцување и базен, се разбира, заедно со куќата има и дополнително земјиште.
Имотот е украсен со интересни разнобојни мурали, а трпезаријата со осум места за седење е осветлена со оганот од мермерниот камин и од неа се излегува низ француската врата на терасата.
Дневната соба е украсена со малку мебел, софа и фотелји врз портокаловиот ориентален тепих, додека кујната е модерно опремена и има излез во трпезаријата.