Погледнете како игра и вежба еден од најпознатите рокери на сите времиња, Мик Џегер, кој пред неколку недели имаше операција за срце.
Мик Џегер е вечно момче. Пејачот на легендарната група Ролингстонс имаше операција на срце во април, но тоа не остави никаков траг врз него.
По социјалните мрежи циркулира снимката од салата во која вежба пејачот, односно ги вежба танцовите чекори.
Секоја чест!
Џегер, кој има внуци, и дете кое има само три години, ќе полни 76 години во јули.
Ова беше негово прво јавно појавување по операцијата на срцето на која тој беше подложен на 18 април во Њујорк.
Затоа турнејата на Ролингстонс е одложена, иако во американските медиуми се шпекулира дека „Камењата“ наскоро би можеле да ја започнат и тоа во Сиетл.