Станува збор за поранешната девојка на Мик Џегер…
Клинт Иствуд (88) има две поранешни жени и осум деца, како од браковите така и од вонбрачната врска, па бурниот љубовен живот му е познат.
Сега странските медиуми ја слушнаа веста дека е во врска со младата Нур Алфал, манекенка кој има само 23 години и со самото тоа е 65 години помлада од познатиот актер!
Тие двајца беа видени заедно во автомобил како одат на вечера, а иако убавицата ги негираше тврдењата за врската и истакна дека тие се само „семејни пријатели“, присутните им рекле на странските таблоиди дека се однесуваат интимно.
За да бидат работите уште поинтересни, Нур, исто така, се забавуваше со фронтменот на “The Rollingstones” Мик Џегер во 2017. година, додека таа исто така беше во врска со еден милијардер кој е 34 години постар од неа.
Од 2014 година, Клинт беше во врска со 33-години помладата Сандер, а сега многумина мислат дека на таа врска и дошол крајот.
Запознајте ја Нур!