Sweet Home

Клучни елементи на еклектицизмот – моментално најмодерниот стил за декорација на домот

По ерата на минимализмот и скандинавскиот стил за уредување на домот, дизајнерите на ентериер со нетрпение го прифатија еклектицизмот, а тој набрзо зафати многу тренди домови.

Основа на еклектиката е мешањето на стилови, земајќи го она што ни е најубаво од сите други стилови и спојување во една нова целина.

Сепак, без разлика што ќе измешате се што ви се допаѓа и ќе го внесете во вашиот дом, за сето тоа да изгледа стилски, ќе мора да ги почитувате овие правила.

-1- Испланирајте ја шемата на бои

Можете да се задржите за една основна боја и да постигнете монохроматски изглед или да изберете неколку бои во кои ќе се вклопат. Шемата на бои ќе ви помогне да создадете кохезија во просторот, и ќе ви дозволи и покрај разновидноста на стилови да постигнете хармонија.

-2- Не купувајте сетови

Најлесниот начин е да се купи тросед, двосед и фотелја во комплет, но ако сакате модерен дом околу секое од овие поединечни парчиња ќе треба конкретно да се обидете да ги изберете.

-3- Спојте ги ерите

Освен стиловите, спојувајте ги и различните историски ери. Комбинирајте ги рустикалните и винтиџ детали со многу современи и софистицирани додатоци.

-4- Најдете различни текстури

Покрај комбинирањето на стилови, важно е да се комбинираат и текстурите. Обидете се да ставите кожна фотелја, иако троседот ви е од кадифе. Комбинирањето на текстури има големо влијание врз еклектиката.

-5- Не заборавајте на личниот печат

Целото значење на еклектиката е да оставите личен печат во вашиот дом. Изберете ги само оние работи што ги сакате и кои го одразуваат вашиот поглед на светот.

Напиши коментар