Cafe Del Mar

Кофеинот и тренингот не одат заедно

Консумирањето на погрешен тип на пијалoк кога вежбате може да ве изложат на ризик од развој на бубрежна болест, предупредува нова студија.

Особено, најголема закана може да произлезе од консумирање слатки пијалоци кои содржат кофеин за време на интензивен физички напор кога надворешната температура е висока, според ставот на истражувачи од Универзитетот во Бафало.

Оваа мала студија вклучувала 12 здрави возрасни личности кои долго време вежбаа во лабораториски услови на температура од 35 Целзиусови степени.

Во една сесија, учесниците во студијата пиеле високофруктозен кофеински безалкохолен пијалок, а во други, тие пиеле вода.

Поминало најмалку седум дена помеѓу сесиите. По сесијата при која што тие консумираа безалкохолен пијалок, имаа повисоко ниво на креатинин во крвта и пониска стапка на гломеруларна филтрација, односно покачување на двата маркери што укажува на оштетување на бубрезите.

Овие привремени промени не се случиле кога учесниците во студијата пиеле само вода за време на вежбањето.

Истражувачите исто така откриле дека за време и по консумацијата на безалкохолниот пијалок учесниците имале повисоко ниво на вазопресин, хормон кој го зголемува крвниот притисок. Тие исто така беа малку дехидрирани, вели авторот на студијата Зајари Шладер.

„Консумацијата на безалкохолни пијалоци за време и по вежбањето на висока температура не рехидрира. Така, консумирањето на безалкохолни пијалоци, како и пијалоците за рехидратација за време на вежбањето во топли услови, можеби и не е идеално решение“, велат истражувачите. Студијата беше неодамна објавена во списанието American Journal of Physiology – Regulatory, Integrative and Comparative Physiology.

За време на тренингот, учесниците помина 30 минути на лентата за трчање, по што следело пет минутно подигнување на тегови, па останатите вежби на издржливост. Потоа учесниците одмарале 15 минути, а потоа пиеле 500 мл безалкохолен пијалок или вода.

По паузата, тие го повторувале циклусот уште три пати вкупно четири часа. Пред да заминат од лабораторијата, на учесниците им се дадени повеќе течности.

Пред тоа, веднаш потоа, и 24 часа после секој тренинг, истражувачите ја мереле температурата на телото на учесниците, отчукувањата на срцето, крвниот притисок, тежината и промените во бубрезите, пренесува Health24.

Напиши коментар