И тој момент мора да дојде еднаш – треба да го оставите детето или децата сами дома. Кога се доволно големи за тоа?
Идејата да одите некаде и да го оставите детето само е доволна за да внесе немир кај секој родител. Колку и да се вашата ќерка или син зрели и одговорни, има многу нешта кои што можат да тргнат наопаку.
Но, дали тоа значи дека не можете да ги оставите без надзор се додека не стигнат до постара тинејџерска возраст? Па … не.
Важно е да се разговара со детето, за да се оцени дали е добра идеја тоа да биде без возрасен дома некое време, но исто така и да размислите колку е безбеден вашиот дом.
Општо земено, децата можат да останат сами на возраст од осум години, ако не се плашат и ако не се склони кон бељи.
Еве една корисна табела: