Девојките уште од раното детство замислуваат и планираат како ќе изгледа денот кога ќе му се заколнат на избраникот на вечна љубов.
Иако поголем дел од населението е фасцинирано од самиот чин на бракот, не помалку фасцинантен е и делот каде што невестата го фрла бидермаерот.
Невообичаена сцена беше снимена на свадба во Англија. Невестата фрли бидермаер, како што наложува традицијата, позади нејзиниот грб кон девојките кои со нетрпение го чекаа букетот, и откако една од нив го фати и се радуваше, нејзиното момче беше снимено како бега со шише во раката.
Девојките почнаа да се смеат, а откако видеото беше споделено на социјалните мрежи, многу припаднички на понежниот пол коментираа дека и нивните момчиња би го сториле истото.