Дали е точно тврдењето дека со гасење на светлото, додека водиме љубов, покажеме вкочанетост, а созапалено светло отворен и слободен дух?
Една од најчестите дилеми кога се спомнува водењето на љубов, секако е онаа за уклученото или исклученото светло.
Дали ви се допаѓа да го гледате партнерот под „рефлектори“ или повеќе сакате да ги „запалите“ вашите сетила во темница?
Истражувањата покажаа дека тврдењето дека гасењето на светлото покажува вкочанетост, а запаленото светло отвореност и слобода, не се точни. Вистината, како и секогаш, е сосема поинаква.
Освен ретки случаи на екстремна срамежливост, светлото за време на водењето на љубов не е ништо повеќе од прашање на вкус. Луѓето кои се исклучително чувствителни, со задоволство го исклучуваат светлото за да се исклучат од сè што е ирелевантно.
На други, пак, особено им е возбудливо да се сакаат со очите, да го видите телото на вашиот партнер, облините, мускули, мазната кожа и единствениот сјај…
На нив не им се доволни само допири, тие сакаат да сакаат и со очите!
Возбудливо е и да се види желбата на лицето на партнерот. Или при достигнување на врвот да се нурнете во неговиот поглед и да се стопите во неговите очи додека не станете едно суштество!