Bridal

Кои бои се IN на венчавките оваа година

Свадбената сезона започна, и вие се уште не сте сигурни што да  носите за време на истата, за да ја проследите модата, но исто така да бидете елегантни и романтични.

Кога станува збор за елегантно и романтично облекување, оваа пролет, во специјални пригоди оваа сезона, ќе се носат 4 многу вибрантни бои.

  • Розева

Една од најживописните бои оваа година, ќе биде најмногу носена за свадбите, а во духот на пролетта ќе ја нагласи вашата разиграна и романтична природа.

  • Светло сина

Бојата која минатата година стана must have, оваа година е синоним за елеганција, а особено ќе уживате во популарните slip фустани во светло сина боја.

  • Жолта

Ако изберете живописна и впечатлива жолта боја, загарантирано ќе бидете во центарот на вниманието на венчавката на која одите.

  • Зелена

Иако жадот е зелена боја, особено резервирана за малку поладните денови, оваа сезона можете да размислите за овој избор, бидејќи зелената боја е една од најпопуларните бои оваа пролет.

Напиши коментар