Што велите за црниот лак за нокти за пролет?
Лакот за нокти е навистина детаљ што може да ја смени целата модна комбинација, а оваа сезона забележавме дека трендсетерките посветуваат посебно внимание на нив.
Од монохроматските зелени лакови за нокти до имитација на принтот од крава, истраживме кои бои се во тренд оваа сезона.
Не е ни чудо што една од најпопуларните нијанси за оваа сезона е Pantone бојата на годината – коралната, а тука се и неодоливите тиркизни и жолти нијанси.
За сите минималисти, тука се неутралните и бели нијанси, а особено сме изненадени од присуството на црните лакови за нокти, но кога ќе ги замислите во комбинација со неонски бои, тие навистина изгледаат како победничка комбинација.
Во галеријата ви претставуваме 10 нијанси на лакови за нокти со кои не можете да направите грешка оваа пролет.