Се верува дека парфемот може да трае помеѓу 3 и 5 години, но оваа временска граница може да варира во зависност од неколку фактори.
Велат дека ништо не ги буди спомените како добро познатите мириси.
Значи секој од нас има парфем кој е неговиот заштитен знак.
Доколку имате парфем што не сте го користеле долго време, еве начин како да проверите дали му истекол рокот на траење, но исто така и совети како парфемите да ви траат подолго.
Доколку во парфемот има многу природни состојки, како што се цитрус и слично, веројатноста дека набрзо ќе стане неупотреблив е доста голема.
Во некои парфимерии веруваат дека таквите препарати најдобро е да се искористат во рок од шест месеци од отворањето на шишето.
Парфемите кои се состојат од маслата на јаткастите плодови и есенциите на дрвенестите растенија траат подолго.
Неотворените шишенца, особено ако ги чувате во оригиналното пакување и правилно ги складирате, можат да останат употребливи дури и до пет години.
Ако забележите дека парфемот чудно мириса или дека течноста е променета, фрлете го.
За да го продолжите рокот на траење на вашиот омилен парфем, добро затворете го, бидејќи мирисот се менува при контакт со воздухот.
Чувајте ги парфемите на суви, темни и ладни места.
Совет: Се препорачува парфемите да се чуваат во фрижидер.