← НАЗАД НА БОЗА

Која храна предизвикува надуеност и не прави да изгледаме подебели отколку што сме?

Која храна предизвикува надуеност и не прави да изгледаме подебели отколку што сме?
138 Читања

Ако вагата вели едно, а вашиот одраз во огледалото друго, тогаш е време да проверите дали имате еден од овие четири прехранбени производи во менито …

Иако варијацијата на телесната тежина кај жените е нормална, понекогаш поради подуениот стомак, што ве прави да изгледате подебели отколку што навистина сте, не се одговорни килограмите, туку одредени видови на храна.

Овошје

Иако овошјето е полно со здрави состојки како што се витамини и минерали, тоа може да биде предизвикувач на надуеност.

Причината е скриена во износот на фруктоза и гликоза.

Подобро одберете бобинки, грејпфрут и цитруси, бидејќи тие, за разлика од јаболкото, праските и крушите, содржат значително помалку количества од овие состојки.

Замена за шеќер

Сорбитол, ксилитол и манитол се вештачки засладувачи пронајдени во т.н. диетални пијалаци и гумите за џвакање.

Ако се чувствувате подуени по конзумирањето на диетална храна и пијалоци, избегнувајте такви производи.

Нашиот совет е да користите природни засладувачи како што се стевиа и агава сируп.

Млеко

Сите знаеме дека млекото во прекумерни количини не е добро за нашето здравје.

Но, ако тоа ви предизвикува проблеми со варењето и надуеност, можеби постои проблем во вашиот организам и тој е нетолерантен на лактоза.

Скроб

Ако храната богата со скроб ви предизвикува надуеност, не треба да ја исклучите од исхраната, туку одберете ги оние житарки што не го прават тоа.

Пченицата, јачменот и ‘ржта содржат големи количини на фруктан, полимер на фруктозата кој предизвикува надуеност.

Подобро консумирајте компир, ориз, пченка и зоб кои содржат значително помалку фруктоза.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk