Лесно се прават, а вкусот претставува – враќање во детството!

Колачињата со ореви се вистински зимски десерт, кој ќе ве врати во детството веднаш штом замирисаат од рерната!
Се прават едноставно, а бидејќи заситуваат, тие се идеални за да послужите повеќе гости.
Состојки:
300 грама маргарин
100 грама шеќер
Шест жолчки
100 грама мелени ореви
300 грама пченичен гриз
Подготовка:
На среден оган, растопете го маргаринот и додадете му го шеќерот, мешајќи додека шеќерот не се растопи. Отстранете го садот од оганот, и постепено додадете една по една жолчка. Матете со жица, се додека мешавината не стане светло жолта и пенеста. Внимателно додадете го гризот и мелените ореви.
На тепсија покриена со хартија за печење, истиснете ја мешавината со шприц за десерти или обликувајте ги со помош на две лажички во залчиња.
Печете во рерна загреана на 200 степени, додека убаво не се заруменат.
Ако сакате, можете да ги посипете со шеќер во прав, или на врвот на секое ставете малку џем од кајсии.
