Дестинации

Колку навистина треба да трае годишниот одмор за да се одморите

Кога планирате одмор, една од главните точки што треба да ја разгледате е колку долго ќе бидете на одмор. Дали одите на викенд, цела недела, или можеби на подолго?

Според научните истражувања, објавени во списанието „Студии за среќата“, постои совршена должина на одморот што има максимално корисен ефект врз вашето здравје и благосостојба.

Истражувачите од Универзитетот “Radboud” во Нијмеген, Холандија, се обиделе да ги истражат ефектите и влијанието на должината на одмор врз здравјето и благосостојбата на човекот. Значи, која е идеалната должина на одморот?

Научниците велат дека одморот треба да трае повеќе од осум дена. Сепак, постои интересна точка во зачестеноста на нашите одмори. Еве зошто …

Во студијата учевствуваа 54 учесници, кои имаа просечна возраст од 42,5 години и сите беа вработени. Оваа студија се фокусираше на подолг одмор, кој се движеше од 15 до 34 дена, со просек од 23 дена.

Научниците ги разгледаа психолошките процеси поврзани со долгото заминување од работа и колку учесниците во експериментот се чувствуваа поздраво за време и по одморот.

Учесниците, пред, три или четири пати во текот и пет пати по паузата, го оценија нивното здравје и благосостојба врз основа на шест фактори: здравје, замор, задоволство, расположение, тензии и нивоа на енергија.

Резултати:

Во експериментот е потврдено дека здравјето и благосостојбата брзо се зголемуваат за време на одморот, а на осмиот ден се на врвот. Меѓутоа, во рок од една недела од враќањето на работа, здравјето и благосостојбата се вратија на првобитното ниво.

Како заклучок, авторите на студијата напишаа: „Здравјето и благосостојбата се подобрија во текот на долгите летни одмори, но овој позитивен ефект беше краткотраен. Искуството од одморот, задоволството, релаксирањето, уживањето и контролата, се чинат особено важни за силата и издржливоста на ефектите од одморот.“

Тогаш колку време е потребно да трае одморот? Според авторите на студијата, „сегашната студија придонесува за разбирањето на долгорочното закрепнување: честите одмори можат да бидат важни за зачувување на здравјето и благосостојбата“.

Заклучокот на студијата е дека должината на одморот не влијае врз здравјето и благосостојбата, но колку често одите на одмор.

Ако сакате да го извлечете максимумот од вашиот одмор и навистина да се чувствувате релаксирано и подмладено, обидете се да направите пауза повеќе од осум дена и да го наполните вашето време со пријатни и релаксирачки активности за подобрување на вашето здравје и благосостојба.

Напиши коментар