← НАЗАД НА БОЗА

КОМПИРИ СО СУПА ОД КЕСИЧКА: зачинети компири во рерна со додаток од печурки и кашкавал

КОМПИРИ СО СУПА ОД КЕСИЧКА: зачинети компири во рерна со додаток од печурки и кашкавал
121 Читања

Ова се компири од рерна за „десетка“!

  • 1,5 кг компири
  • 1/2 л павлака за готвење
  • 2 дцл млеко
  • 1 дцл масло за готвење
  • 1 кесичка супа од печурки
  • бибер, сув зачин, магдонос
  • кашкавал по желба

Излупете ги компирите и исечете ги на кругови. Зачинете со бибер и сув зачин и добро измешајте.

Изматете ја супата од печурки во киселата павлака, да нема грутчиња, додадете го млекото и маслото и конечно сецканиот магдонос.

Наредете го компирот во тепсија, прелејте со преливот и печете во рерната на 200 степени околу 40 минути.

Одозгора нарендајте кашкавал и вратете го во рерната да се пече уште околу 10 минути.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk