Новости

КОНЕЧНО: Дух од волшебна ламба!

Неповторливиот дух на Робин Вилијамс ја доби својата хип-хоп верзија.

Пред фановите на „стариот Аладин“ да започнат со негативни коментари (а, ги има на сметка на режијата, изборот на актери и фактот дека „не ни треба нов Аладин“), треба да знаете дека студиото „Дизни“ претстави нов, подолг трејлер на играниот филм „Аладин“.

Водечките улоги ги толкуваат Мена Масуд (Аладин), Наоми Скот (Џасмин) и Вил Смит во улога на духот од ламбата, што конечно ќе го видиме во новиот трејлер.

Повелете!

Вил Смит претходно изјави дека го заплашувал Духот што Робин Вилијамс толку волшебно го прикажуваше.

„Што можев да направам поинаку, Робин покажа и стори се, па мислев дека ќе биде интересно Духот да биде малку хип-хоп“.

Ако тоа звучи интересно за вас – одлично. Ако не, знајте дека овој „хип-хоп факт“ им е додаден на „филмските проблеми“ – Гај Ричи е во режија, а Џасмин ја глуми актерка која не е од арапско потекло.

Напиши коментар