Мода

Кошула-фустан: Трендот што оваа сезона ќе биде must have

Додека трендовите на оваа сезона се преплетуваат, минатогодишниот летен хит кошула-фустан, веќе го најде своето место кога станува збор за street style мода.

Со овој лелеав моден тренд, многу it девојки, со првите зраци на сонцето, ја повикуваат  пролетта.

Овие фустани дефинитивно претставува чекор напред од досадните рамки на зимската мода и им овозможуваат на девојките со стил уште сега да изгледаат тренди и лелеаво.

Класичните модели се идеални за нашите секојдневни комбинации, но оваа сезона изборот станува многу посмел, што е вистинско освежување, кога станува збор за зимската мода и првите знаци на пролетта, која сите ние со нетрпение ја очекуваме.

Со оглед на тоа дека фустаните се идеален начин лесно да се осмисли дневниот outfit, овој модел ќе стане нашиот омилен избор, за casual, дневни комбинации, во кои ќе се чувствуваме удобно, а модерно.

Спојот на класичните линии на машките кошули со женственоста  која во себе ја носи фустанот, е идеален моден избор ако сакате релаксиран outfit, кој во себе има доза на chic.

Напиши коментар