← НАЗАД НА БОЗА

Кожна јакна – моден фаворит за пролетните денови

Кожна јакна – моден фаворит за пролетните денови
96 Читања

Кога станува збор за преодните сезони, не постои сомнеж дека кожните јакни се едни од омилените парчиња облека, кои на секоја комбинација и даваат доза на храброст, а со тоа, се одличен спас, кога имаме непредвидливи временски промени.

Кожните јакни со децении наназад се наоѓаат на врвот на омилени класични парчиња, кои совршено се комбинираат со секоја облека, а со тоа се еден од оние парчиња во кои секогаш вреди да се инвестира, па од сезона во сезона им се враќаме со задоволство.

Оваа сезона, особено се актуелни два модели, класичните, црни, моторџијски кожени јакни и оние со малку поженствен крој.

Класичната црна кожна јакна е сè уште омилено парче, бидејќи идеална е во комбинација со секоја облека и без оглед на тоа што сме облекле, таа ќе направи да изгледаме стилски и со став.

Вториот омилен модел на оваа сезона е кратките јакни од превртена кожа, шарени бои, кои се одличен избор за разиграните пролетни комбинации.

Со оглед на тоа што во преодната сезона продолжуваме да се облекуваме на слоеви, секогаш можете да ја облечете кожната јакна над фустанот и лесно сако и да имате феноменална комбинација за вечерниот излез.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk