Art & Crafts

КРЕАТИВЕН МАНИКИР: Откриваме како да ги искористите старите лакови за нокти

Доколку имате неколку полупразни шишиња од лакови за нокти, но не сакате да ги фрлите, вистинско време е да експериментирате малку и да направите нови од старите лакови.

Додадете светки

Во шишенце со полупразен лак, додадете разнобојни светки во прав и уживајте во новиот „ѕвезден“ маникир!

Додадете сенка во прав

Исто така, можете да ги користите остатоците од сенките за очи за нов маникир. Додадете неколку нијанси на скршена сенка во шишенцето со лак, добро протресете и налакирајте ги ноктите. Резултатот ќе ве воодушеви!

Направете сами мат лак

Мат лаковите се хит на оваа сезона, а лесно можете да ги направите сами дома. Ставете малку пченкарен скроб во шишенцето, добро промешајте, измешајте со чепкалка за заби и потоа внимателно нанесете на ноктите.

Измешајте неколку различни бои

Покажете ја вашата креативност и направете нови нијанси! Прво, испробајте на хартија како си одговараат одредени бои, а потоа почнете да ги мешате остатоците од вашите лакови.

 

Прикачи датотеки

Напиши коментар