Секоја девојка се надева дека ќе добие понуда за брак како од бајките, а ако сте од оние кои одамна престанаа да веруваат во среќни краеви, ова видео веднаш ќе ве врати до моментот кога верувавте дека сè е возможно.
На момчето кое сакаше да ја запроси својата девојка на оригинален начин, му требаа четири години да се подготви.
За време на овој период, со својата девојка посетил разни места низ светот, дури 26 земји, а во секоја од нив снимил дел од песната од шкотскиот бенд The Proclamers “I am Gonnna be (500 Miles)”, со која и порачува дека ја сака.
Како што и самиот вели на снимката, на првиот состанок напишал во својот дневник дека ќе ја ожени еден ден.
Погледнете во видеото како девојката реагираше на неговата оригиналност.