Dream Doghouse или кучешката смарт куќичка од Samsung е најлуксузната работа што можете да му ја дадете на вашето домашно милениче.
Точно, овој дом има вредност како помала гарсоњера во центарот на градот, но за оние кои го сакаат најдоброто за своите миленици, цената сигурно не е проблем.
Оваа куќа од соништата е опремена со сите паметни функции што можете да ги очекувате од Samsung, вклучувајќи лента за трчање, базен, таблет со камера, каде што можете да видите што вашето домашно милениче прави додека не сте дома или дури да остварите видео повик со вашето куче.