Најновите тенденции во царството на кујната индустрија значително ги сменија класичните форми на кои сме навикнати.
Така, се повеќе и повеќе производители нудат интересни и практични кујни на кои не им се потребни висечки елементи.
Оние кои имаат ѕидови од гипс во станот или некои други лесни прегради, конечно можат да дишат – се поголема е понудата на кујнски решенија кои не бараат тешки висечки елементи, туку распоредот на садовите е решен на некој друг начин.
Еве еден пример за тоа како можете да организирате се што е во кујната, така што ќе има место за сите тие детали без кои не може да се замисли подготовката и сервирањето на храната.
Примерите на англиската компанија Artichok изобилуваат со идеи – ѕидовите изгледаат како да „дишат“, а решенијата содржат различни видови на полици, шкафчиња или целосно голи ѕидови опремени само со декоративни елементи.
Пониските зони се збогатени со практични фиоки и пристапни монтажни елементи, а масивните маси и ниските шкафчиња се уште еден начин да се надомести отсуството на висечки елементи.
Софистицирани, едноставни кујни направени главно од дабово дрво, мермер и челик ќе бидат идеален извор за секој кој сака сам да ја дизајнира својата кујна – погледнете ја галеријата на слики и уживајте!