Мојата кујна

Кус-кус десерт со вишни

Лесен доручек кој дава енергија!

Главната состојка е кукусот, исто така позната и како „најмалата тестенина во светот“.

Состојки (за 6 порции):

– 1½ чашка кус-кус

– 1/2 чашка млеко

– 3 лажици жолт шеќер (или мед)

– 30 вишни и друго зрнесто овошје по избор

– 250 мл јогурт

– цимет по вкус

Подготовка:

Загрејте го млекото, шеќерот и вишните, па кога млекото ќе почне да врие, тргнете го од огнот, покријте го и оставете да отстои 10 минути.

Ставете варен кус-кус и јогурт во сад со средна големина и измешајте го сето тоа.

Додадете го кус-кусот и јогуртот во садот со претходната смеса и добро измешајте се заедно.

Поделете го десертот во чаши и оставете го во фрижидер да се излади.

Напиши коментар