← НАЗАД НА БОЗА

Л.У.Д.И.Л.О. – хотел инспириран од „Игра на тронови“!

Л.У.Д.И.Л.О. – хотел инспириран од „Игра на тронови“!
144 Читања

Дали сакате да бидете барем на кратко Џон Сноу, Денерис, Ланистер, да бидете во друштвото на змејови?

Погледнете го овој хотел во Финска!

Фантастично!

На 200 километри од Арктичкиот круг ве очекува хотел од сказните, направен од мраз и снег.

Секоја година, околу 20 милиони килограми снег и 350.000 килограми кристално чист мраз се користи за правењето на хотелот во Лапонија (област во Финска), кој од година во година го менува изгледот и обликот, и секоја година е различен.

Хотелот Snow Village, како што се нарекува, има скулптури од мраз, декорирани снежни апартмани, ресторан направен од мраз, па дури и мала капела од мраз.

А оваа година, инспирација е мегапопуларната телевизиска серија „Game of Thrones“, која во април ќе влезе во финалето – тогаш, всушност, почнува да се емитува последната, осмата сезона.

Неверојатно е дека за правењето на овогодинешниот изглед на хотелот, кој се наоѓа на час и половина лет од Хелсинки, потребни беа само четири недели!

Во хотелот сега се наоѓа Железниот престол, змејот (многу реалистичен). Постојат 16 апартмани и секој од нив има свои уникатни склуптури од мраз инспирирани од ликовите или темата на серијата.

Она што би им претставувало проблем на чувствителните на студот е температурата, бидејќи внатре има -5 степени Целзиусови (надворешната е многу пониска!), но гостите имаат топли вреќи за спиење, а во утринските часови ги очекува топол пијалок за да им проструи крвта низ вените.

Покрај тоа, оние кои ќе се одлучат да ја поминат ноќта добиваат туристички водич за разгледување на целиот комплекс, како и диплома што се осмелите тука да преспијат.

За оние кои не се толку храбри за да преноќат, овозможено е разгледување, а влезот е 17,5 евра. Ноќ со појадок почнува од 480 евра.

Сепак се препорачува да се помине само една ноќ во хотелот, а остатокот од престојот гостите да го поминат во бунгалови со многу пријатна (потопла) атмосфера.

Хотелот ќе биде отворен до 21-ви април.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk