Новости

“Legolas” ја запроси пејачката!

Венчавка на повидок!

Актерот Орландо Блум ја запроси пејачката Кети Пери на Денот на вљубените.

Мајката на Кети, Мери Хадсон, ја објави веста за веридбата на нејзиниот Facebook профил.

Кејти подоцна се пофали на Instagram со необичниот прстен во облик на цвет, со розов камен и дијаманти.

Двојката ја започна врската во јануари 2016., накратко потоа раскинаа во 2017. година и повторно се помирија во април минатата година.

View this post on Instagram

full bloom

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on

За двајцата ова ќе биде втор брак. Од 2010. до 2013. година, Орландо беше во брак со супермоделот Миранда Кер, со која го има осумгодишниот син, Флин.

Кејти беше во брак со британскиот комичар Расел Бренд, од 2010. до 2011. година.

Напиши коментар