Новости

Лејди Гага ја раскина веридбата

Lady GaGa и Christian Carino ја раскинаа веридбата, потврди извор близок до парот за магазинот Pipl.

„Едноставно не одеше. Во такви случаи, најдобро е врската да се прекине без никаква драма“, рече изворот.

Врската на Гага и Карино започна во 2017 година, а шпекулациите за нивната веридба започнаа неколку месеци подоцна.

Иако двојката сé уште не разговараше со медиумите во врска со прекинот, на 10 февруари почнаа да се шират гласини за крајот на романсата кога Лејди Гага се појави на церемонијата на Греми без прстен.

Претходно медиумите пишуваа за новата тетоважа на телото на пејачката, која наводно била посветена на колегата од филмот “A Star Is Born”, Бредли Купер, а медиумските натписи раскинувањето со Кристијан Карин го поткрепија со вакви информации.

Гага е номинирана за Оскар во категоријата за најдобра актерка.

Напиши коментар