Мојата кујна

Лесна чорба со спанаќ

Брзо се подготвува, лесна е и освежувачка.

Еве како да зготвите чорба со спанаќ и компири, која ќе ве освежи моментално!

Состојки:

300 грама спанаќ

Три средни компири

Половина чаша ориз

Еден голем морков

Малку целер

Сол и бибер по вкус

Две лажици масло

Подготовка:

Испржете го кромидот на масло, морковите исечени на коцки и целерот, а потоа додадете компири, исто така, исечени на коцки и спанаќот.

По околу десет минути пржење на слаб оган, додадете вода и оставете да се вари.

Кога ќе зоврие, додадете ориз, сол, бибер и оставете ја чорбата да се готви додека оризот не биде сварен.

Оставете малку да се излади и уживајте во вкусен и здрав оброк!

Напиши коментар