Освежете го ентериерот: интересно и комфорно за тинејџери.
Обично парче килим може да стане „летечки килим“ каде што тинејџерите ќе поминуваат најмногу време.
Со помош на две парчиња сунѓер и еден килим, можете да добиете футуристичко парче мебел и идеално место каде што младите можат да лежат и да уживаат.
Потврд сунѓер треба да се исече под прав агол од двете страни, а остатокот од триаголникот треба да се обликува заоблено, како рид.
На сунѓерот треба да се залепи леплива лента по должината на рабовите, на која ќе се закачи тепихот и нема да паѓа. Сунѓерите се поставуваат еден наспроти друг и се закачува тепихот!
Овој тепих беше дизајниран од шпанската “Nani Markuina”, а беше инспириран од тинејџерите кои лежат по цел ден и пишуваат пораки или гледаат телевизија.
Нивниот тепих е биоразградлив и доаѓа во комплет со „потпирачите“ за главата (чини 2.000 евра), но со мал напор може да се направи и во домашната работилница и да се освежи ентериерот.