Добро е познато дека, ако сакате да го пронајдете вистинскиот партнер, прво проверете дали таа личност чита книги – а сега знаеме и кои книги би требало да ги чита за да стане наш партнер.
Всушност, според една неодамнешна анкета, читателите на fantasy и sci-fi жанровите се помалку склони кон нереални заблуди за врските.
Истражувањето беше спроведено така што луѓето најпрво беа испитувани за авторите на различни жанрови од писатели на класични романи, љубовни, fantasy и sci-fi, до авторите на хорор.
Потоа, тие одговараа на прашањата за нереалните размислувања за врската.
Испитаниците оцениле колку се согласиле на 1 до 6 реченици, како на пример: „Луѓето кои се во блиска врска можат да ги почувствуваат потребите на другиот, како да ги читаат сопствените мисли“.
Освен очекувањата партнерот да им ги чита мислите, научниците, исто така, ги разгледаа нивните ставови за овие теории: Несогласувањето е деструктивно, партнерите не се менуваат, половите се различни и очекувањата за сексуално совршенство.
Добиените резултати укажуваат на тоа дека љубителите на fantasy и sci-fi книгите немаат нереални очекувања од нивните партнери.
Особено, две тези ги заобиколуваат љубителите на таквата литература – дека несогласување е деструктивно и дека партнерот не може да се смени – често се засноваат на непотврдени ставови за врските предизвикани од вистинските искуства.
На крајот на приказната – тие го сакаат неверојатното и фиктивното, но не во реалниот живот, што е дефинитивно одлично!