Вкусен појадок веднаш подготвен.
За 40 минути ќе имате подготвен појадок во кој што ќе уживате.
Состојки:
360 грама брашно
Две и пол лажички прашок за пециво
Лажичка сол
Четвртина лажичка бибер
220 милилитри полномасно млеко
Едно поголемо јајце
Две лажички масло
130 грама рендани тиквички
100 грама рендано чедар сирење
Еден праз (ситно сецкан)
Лажичка мајчина душичка
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 170 степени и подмачкајте го калапот за мафини.
Измешајте го брашното, прашокот за пециво, сол и бибер во поголема сад, па ставете го на страна.
Изматете го јајцето, додадете го млекото и маслото, измешајте, а потоа соединете ги сувите состојки и повторно се измешајте.
Потоа додадете ги тиквичките, чедарот, празот и мајчината душичка, и полека се измешајте.
Истурете ја смесата во калапот за мафини и печете 30-35 минути. Оставете ги мафиите да се изладат неколку минути, па послужете ги.