Актерката Кира Најтли отворено зборуваше за мајчинството.

Кира Најтли вели дека мајчинството е неверојатно искуство, но тоа е „физички и емотивен маратон“.
Оваа 33-годишна актерка вели дека и покрај фактот што таа, како добро позната личност, што добро заработува, има одредени привилегии, не е секогаш лесно да се расте нејзината тригодишна ќерка.
„Мислам дека не го цениме доволно физичкиот и емотивен маратон преку кој жените минуваат како мајки. Јас навистина имам привилегии. Имам неверојатен систем на поддршка, имав многу среќа во мојата кариера, можам да си дозволам за детето сè што е потребно, но понекогаш и мене ми е многу тешко. Во ред е да се каже тоа“, искрено изјави актерката.
Таа, исто така, истакна дека ова на никој начин не значи дека таа помалку го сака своето дете и додаде дека е сосема во ред да се признае дека недостатокот на сон, хормоналните промени и проблемите во врската – се борба.
„Морам сама да се потсетам дека не сум лоша мајка, да сторам сѐ што можам, но тоа не е лесно“, заклучи таа.
Дали и вие понекогаш се чувствувате така, драги мамички?
