Убавина

Make up совети: Како да изберете идеална нијанса на кармин

Познато е дека секоја жена има своја beauty рутина и кога станува збор за make up, па воопшто не треба да не изненадува дека повеќето од нас постојано користат исти make up производи, а најчесто една или две нијанси на кармин носиме во нашиот beauty несесер.

Карминот важи за еден од најмоќните make up производи, бидејќи може да го трансформира нашиот изглед само во неколку потези. Дури и ако се одлучите за едноставен make up изглед, вистинската нијанса на кармин, ќе остави ефикасен впечаток.

Иако различните make up look-ови, бараат различен избор на нијанси на кармини, понекогаш е тешко да се избере нијансата што ни одговара совршено.

Можете да изберете совршена нијанса на кармин само кога ќе го одредите подтонот на вашата кожа. Ако не сте сигурни како да го одредите подтонот на кожата, на дневна светлина погледнете каква е бојата на вашите вени на зглобот на раката.

Сините и виолетовите вени укажуваат на ладен подтон, додека зелената боја укажува на топол. Ако не можете да ја одредите точната боја на вашите вени подтонот на вашата кожа е неутрален.

Ако подтонот на вашата кожа е ладен, одберете потемни кафеави и виолетови нијанси на кармин. Кога сакате црвен кармин, изберете нијанса на портокалов подтон, а заборавете на светлите нијанси на кармин.

Ако подтонот на вашата кожа е топол, кармините со црвени и розеви бои најдобро ќе ви одговараат.

Темните розови тонови не можат да се вклопат во вашиот природен израз на лицето, па обидете се да ги избегнете. Ако имате неутрален подтон на кожа, сите нијанси на розево можете да ги носите во вашиот несесер и секој од нив ќе ви стои беспрескорно.

Напиши коментар