
Добро извежбаните make-up техники и адекватни производи, со само неколку потези, ќе ги избришат трагите што ги оставиле годините врз вашето лице и ќе направат да изгледате најмалку 5 години помладо.
Особено фокусирајте се на шминкањето на очите, бидејќи тие се централниот дел на лицето. За да го постигнете посакуваниот ефект и да изгледате помладо, за почеток осветлете го просторот околу очите, а веѓите потенцирајте ги со една нијанса посветол молив.
Highlighter-от ќе му даде на лицето додатен сјај, што ќе ја направи вашата кожа да изгледа свежа и млада. Нанесете го на образите, центарот на носот и врвовите на усните.
Бронзената нијанса на образите ќе ви даде неколку години помалку, во споредба со руменилото. А вистинскиот избор на сенка на очните капаци, за подмлад изглед, ќе бидат светло-кафеавите нијанси на сенки.
Заборавете го слојот на маскара на долните трепките, бидејќи ќе ви додаде уште неколку години.
Со сите овие совети, ќе изгледате многу помлади од што сте.
