Големиот бидермаер навистина изгледа прекрасно и гламурозно, но и букетите од три или четири цвета можат да бидат многу ефективни. Погледнете ги нашите предлози …
Пролетта полека доаѓа кај нас, а со неа и прекрасните венчавки. Нежните пастелни бои и оваа година ќе бидат актуелни како за декорација, така и за бидермаери. Покрај нив, во тренд е и бојата на виното, така што можете да се одлучите и за цвеќе во овие тонови.
Во однос на големината на бидермаерот, сеуште се актуелни малите букети кои можат да се направат на два начина – од различни видови на мали цвеќиња, или од само неколку поголеми цвеќиња, на кои ќе им ги оставите долгите рачки.
Освен неодоливиот изглед, малиот бидермаер, исто така, е многу практичен, така што нема да ви биде тешко да го држите во раката. Совршен е за невестата која сака да изгледа нежно и романтично.
Погледнете ги нашите предлози во галеријата!