За да ја подготвите оваа маска, потребни се само две состојки кои сигурно ги имате во кујната: мед и цимет!
Оваа маска ќе ви помогне да ги елиминирате акните и лузните од мозолчињата од лицето.
Покрај тоа што е многу ефикасна, брзо се подготвува од состојките кои секогаш ги имате во вашиот дом.
Измешајте една лажица мед и една лажичка цимет, а потоа нанесете ја мешавината на проблематичните области. Држете ја 20-25 минути и исплакнете.
Ако се применува на целото лице, држете ја околу десет минути. Може да ја чувате маската во фрижидер 4-5 дена, а потоа направете нова смеса.
Оваа маска не се препорачува за луѓе кои страдаат од розацеа, купероза и други васкуларни заболувања на кожата, бидејќи медот ги шири крвните садови.
Во тој случај, наместо мед, можете да користите бела или зелена глина. Додадете го во исто количевство како и циметот и малку разредете со вода.
Пред да користите природни препарати, задолжително консултирајте се со дерматолог или со вашиот доктор.