Пијалакот од мед и цимет лесно се подготвува, а го забрзува метаболизмот и ви помага да се ослободите од вишокот на килограми.
Состојки:
- две големи лажици мед
- една голема лажица цимет
- 250 милилитри вода
Подготовка:
- Можете да ги промените препорачаните количини, но важно е размерот да е секогаш 2:1 во корист на медот. Подгответе онолку колку што ви е потребно.
- Зовријте ја водата.
- Полејте ја врелата вода што преку циметот. Покријте го садот и оставете го да отстои додека не се олади до температура на која е можно да се консумира пијалакот.
- Додадете го медот само кога пијалакот ќе се излади. Никогаш не ставајте мед во зовриена вода бидејќи топлината ги уништува ензимите и другите хранливи материи од медот.
- Испијте половина од пијалакот пред спиење и оставете ја другата половина во фрижидер и испијте ја наутро, но без претходно загревање.
Забелешка: Пијалакот има ефект само кога се консумира на празен стомак.