Овој традиционален десерт се служи со чај и кафе, ќе ве воодушеви!
Ви претставиме рецепт за пециво со суво грозје и цимет, што традиционално се прави во северните европски земји.
Состојки:
275 милилитри млеко
500 грама брашно
Лажица сув квасец
Лажичка шеќер
Две јајца
50 грама путер
Две лажички сол
Шест лажици шеќер
Цимет (по вкус)
200 грама суво грозје
Подготовка:
Загрејте го млекото за да биде топло, измешајте го со лажичка шеќер и квасец.
Во садот за мешање, изматете јајца, а потоа постепено додадете ги сите состојки, освен путерот и сувото грозје.
Мешајте со лажица околу пет минути, потоа додадете го омекнатиот путер и добро измешајте. Префрлете ја мешавината на набрашнета работна површина и месете додека не добиете мазно и изедначено тесто. На крајот, во тестото додадете „расфрлано“ суво грозје и уште малку помесете го, за добро да се измеша.
Оставете го тестото во покриен сад, да нарасне, околу еден час. Треба да се удвои.
Загрејте ја рерната на 180 степени, обложете ја тепсијата со хартија за печење. Од тестото се прават 12-18 топки, се редат на хартијата и се печат 15 минути.
Традиционално, топлото пециво се премачкува со малку путер, со цел да се добие убав сјај. Послужете го топло, иако се вкусни и на собна температура.