Новости

Мик Џегер треба да прави операција на срцето, одложена е турнејата на групата “The Rolling Stones”

– Тажен сум што турнејата се одложи, но јас ќе работам напорно за да се вратам на сцената што е можно поскоро – напиша Мик Џегер на Твитер.

Светската турнеја на групата “The Rolling Stones”, која е предвидена да започне со концертот во Мајами, е одложена поради лошата здравствена состојба на пејачот Мик Џегер.

Легендарниот рокер ќе има операција на срцето, а како што пишува американскиот портал Drudge Report, операцијата ќе биде изведена во Њујорк.

Од друга страна, порталот Page Six тврди дека на Џегер ќе му биде инсталиран стент.

Мик по повод целата ситуација се огласи на Твитер и рече дека му е жал поради сè.

– Жал ми е што ве издадов на овој начин. Жал ми е што турнеата се одложи, но ќе работам напорно за да се вратам на сцената што е можно поскоро. Уште еднаш, големо извинување до сите –  напиша Џегер.

Поради лошата здравствена состојба на Џегер, се одложени 17 настапи, а, според озборувањата, турнејата ќе започне во јуни.

Напиши коментар