Факт е дека присуството на токсични луѓе во нашите животи само го зголемува износот на стрес и негативни мисли кои не окупираат. А сепак, понекогаш не сме ни свесен дека токсичните луѓе ни се толку близу.
Не е тешко да се препознае лице кое не ви одговара, па дури и ако сте го сметале за многу блиско, треба малку да се одделите од него, за да се наполните со позитива.
Постојат неколку карактеристики на вашите „токсични“ пријатели, од кои барем некое време ви треба пауза:
Тие постојано ги критикуваат другите
Наместо да се грижат за себе и за својот живот, токсичните луѓе секојдневно се занимаваат со други. Тие се многу критични и склони кон тоа без размислување да ги осудат туѓите постапки, додека ги занемаруваат своите грешки, како никогаш да не ги направиле.
Потребно им е постојано внимание
Без разлика дали се наоѓате во поголемо друштво или само разговарате, токсичната личност ќе сака постојано внимание и нема да биде подготвена да го слушне вашето мислење на било која тема, што понекогаш може да биде многу напорно.
Тие се постојано негативни
Само затоа што постојано шират негативна енергија, повремено ви е потребна детоксикација од таквите луѓе, за да се наполните со позитива. Луѓето кои сметаат дека ништо нема да се заврши добро, едноставно имаат проблем што самите треба да го решат.
Од вас зависи тоа дали ќе дозволите оваа перспектива да стане и вашата точка на гледање.
Тие не знаат за емпатија
Очекувате разбирање и поддршка од вашите пријатели, сепак, токсичните луѓе се способни да се разберат само самите себе.
Едноставно, времето поминато со оваа личност не може да биде квалитетно и затоа е време да се одмори малку, за да можете да го исчистите животот од негативни вибрации.