Велат дека луѓето се навлекуваат на тетоважи, како на дрога.
Една повлекува втора, втората трета, нема крај.
За оние на кои им е малку страв, им даваме идеја за слатки минималистички украси со кои би можеле да внесат малку боја во чистото платно на вашата кожа.
Дури и ако не сте обожавател на овој вид на уметност, не можете да ја оспорите креативноста, формата и позиционирањето на малите вистински уметнички дела.
Една линија
Од сите понудени опции, тетоважите направени со еден потез најмногу наликуваат на мало уметничко дело. На кроките на ликовните уметници.
Црвено мастило
Понекогаш е доволно да се смени бојата, па и класичните цртежи да добијат ново светло.
Ушната школка
Дали може да постои подобра обетка од оваа?
Прстен
Обидете се прстенот кој го тетовирате да не биде врзан за некоја личност. Тој ќе биде тука доживотно, додека за личноста не гарантираме.
Зглобот на ногата
Наместо било какви алки на зглобот, поубаво е да носите мала декорација. Тетоважата на ова место секогаш се карактеризира како „слатка“.
Точки
Нема поминимално решение од ова. Една точка или три, сосема доволно да остави впечаток, но исто така и да потсетува на бемка.