Сакото е одлично решение за пролетните денови!
Пролетните денови секогаш нè ставаат пред истиот предизвик кога станува збор за облекувањето.
Како да се облечеме за студено утро и жешко попладне?
Најдобро решение е сакото, а оваа сезона особено се модерни малку подолгите сакоа што ќе те загреат наутро.
Ако ставите шал и под сакото се облечете во слоеви, ќе ви биде топло во раните утрински часови.
Во попладневните часови, соблечете еден слој на облека, спакувајте ја со шалот во вашата ташна и подготвени сте да излезете на пауза во топлото рано попладне.
А дека сакото е супер-секси потврдува и младата Хејли Болдвин, манекенка која со еден глас беше прогласена за најсексипилна жена на планетата!
Таа со сакото носи дебел дуксер, тенки топ маички или преголеми ролки – погледнете во галеријата како изгледаат овие комбинации!