Мода

Модата од Париз за 2019: 5 модели на чевли што ќе ги носиме оваа пролет и лето

Директно од Париз доаѓаат најновите модели на чевли што ќе ги носиме оваа пролет и лето.

Додека во Њујорк се одржува Fashion week, ние ќе погледнеме назад во неодамна завршената недела на висока мода во Париз, каде што се презентирани различни модели на чевли за пролет/лето 2019. година, кои се очекува наскоро да заживеат во збирките на комерцијални модни брендови.

Додека чекаме да се случи ова, ви ги презентираме топ шестте модели на оние кои се „одобрени“ во Париз.

Потпетици со отворена пета

Досега носевме чизми со отворена пета, а сега пристигнуваат чевлите. На париската модната недела, модната куќа Chanel ги лансираше сатенските во различни нијанси. Високата тенка потпетица и сјајниот материјал се вистинска гламурозна комбинација, и “must have” меѓу трендсетерите.

Чевли со светки

Овој минатогодишен тренд продолжува и оваа година, па ќе уживаме во него и оваа сезона. Светките се наоѓаат на сите модели на чевли, а за “wow” ефект препорачуваме чизми целосно покриена со нив, како тие прикажани на модната ревија на Диор во Париз.

Сандали со платформа

Сандали кои веќе некое време се надвор од мода сега се враќаат во голем стил.

Каубојки

Кога станува збор за чизми, пролетта ќе го прослават специфични модели инспирирани од каубојскиот стил.

“Cut out” сандали

Таканаречените „исечени“ сандали можеби не се најдобар избор за подолго носење по силното сонце, бидејќи неизбежно ќе остават трагови на нозете, но се најдобар избор за топлите пролетни денови.

Напиши коментар