← НАЗАД НА БОЗА

Моден времеплов: Панталоните од 2000-те се апсолутен тренд оваа пролет

Моден времеплов: Панталоните од 2000-те се апсолутен тренд оваа пролет
130 Читања

Најпопуларниот модел на панталони од крајот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, оваа пролет станаа водечки тренд.

Карго панталоните се вратија на голема врата и оваа сезона можете да ги најдете во различни бои, па дури и вашите едноставни и секојдневни модни комбинации со овие панталони ќе изгледаат совршено!

Станува збор за широки панталони со длабок струк, кои се декорирани со преголеми џебови.

Овие панталони најпрво ги носеа британските војници во 1938 година, а во наредните децении тие станаа водечки моден тренд и кога станува збор за женската мода.

Она по што овој модел сега се разликува од моделите од 90-тите години е што овие панталони сега доаѓаат во многу женствено издание.

Овој пат, станува збор за пантолони кои се потесни и имаат подлабок струк, со цел да ја потенцираат женската фигура на вистински начин.

Посебна предност е што можете да ги комбинирате на различни начини, па вашиот изглед со овие панталони ќе варира од елегантен и женствен до бунтовен и секојдневен.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk