Мода

Модни совети: Овие три парчиња секогаш купувајте ги со поголем број

На наша среќа, некои парчиња навистина изгледаат поубаво кога се поголеми од вообичаено.

Материјалите, како што се памукот и волната, често се намалуваат при перење, па во секој случај е подобро да се купат пошироки модели кои ќе ви стојат се подобро како поминува времето.

Затоа, следните три парчиња облека секогаш треба да бидат поголеми.

Волнени џемпери

Без разлика дали ќе изберете плетен фустан или волнен џемпер, секогаш бирајте ги со поголем број, а ќе ви биде јасно зошто – изгледаат толку шик, модерно и пред сè удобни.

Кошули

Златното правило: секогаш е подобро да се купи поголем број отколку помал.

Белите транспарентни кошули изгледаат многу поелегантно кога не се припиени до телото, а ова многу добро и е познато на Анџелина Џоли која ги носи секогаш кога ќе и се укаже шанса.

Маици со кратки ракави

Не е лошо да се имаат и тесни маици, но ќе оставите многу подобар впечаток со една oversize која ќе ја позајмите од неговиот плакар.

Напиши коментар